дома Балкан Маж од 45 г. силувал малолетничка од 12.г во Звечани. Граѓаните потресени...

Маж од 45 г. силувал малолетничка од 12.г во Звечани. Граѓаните потресени од случката

158
0
АКЦИЈА
Фото илустрација-силување

Звечани бе згрозени со новиот шокантен случај на силување малолетничка, кој се случил во населбата Црквици. Имено, 45-годишниот Д.С. јасилувал 12 годишнотаС. Г., а полицијата веднаш по пријавата го пронашла и уапсила осомничениот.

Спрема зборовите на Алдина Алиќ, портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-Добојскиот кантон, уапсениот Зеничанин е испитан во полицијата.

– Уапсениот, по криминалистичката обработка и задржувањето, предаден е на понатамошна постапка и во надлежност на обвинителството ЗДК-вели Алиќ.

како што Аваз неофицијално дознава, уапсениот и малолетното девојче се соседи. Тој, како што тврди изворот, малолетното девојче го повикал во станот да му помогне со мобилниот телефон.

Психичко пореметување

– Кога девојчето отишло кај него, тој се нафрлил на неа и ја силувал. Сите беа згрозени. таткото на девојчето не можеше да верува што се случило. Брзо дојде полицијата, направија увид и го уапсија мажот-вели изворот.

Лејла Шаќировиќ,магистар по психологија истакнува дека во денешно време, благодарејќи им на друштвените мрежи кои ја бомбардираат јавноста со информации и незивессната ситуација во државата, се почеста е појавата луѓето да се повлекуваат во себе.

– Тогаш се губи чувството за емпатија за другите, се препуштаат на негативните мисли кои, во комбинација со негативните искуства, можат да влијаат на развојот на разни психички пореметувања. Во такви случаи, на човекот му се намалува свеста, и се одлучува на кривични дела, не размислувајќи на последиците ниту на штетата која и ја нанесува на жртвата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here