дома Балкан Григор Копров и се извини на Србија дека не и дадовме ниту...

Григор Копров и се извини на Србија дека не и дадовме ниту еден глас на Евросонгот

482
0
АКЦИЈА
Нашиот познат композитор Григор Копров

Композиторот Григор Копров и се извини на соседна Србија преку социјалната мрежа Фејсбук дека нашата држава не и даде ниту еден глас на Евровизија. Григор Копров е искусен композитор кој го има испечено својот занет како најврвен мајстор во својата струка не само на Балканот туку и шитум светот. Повеќето од неговите мелодии се запишани со златни букви на македонското музичко небо.

Тој напиша во њус фидот:

„Лично, чувствувам потреба да им се извинам на колегите и на братска Србија затоа што во 2007 година на изборот во Хелсинки кога имав песна со Каролина Гочева, композицијата ‘Мојот свет’, во нашата делегација немаше режисер, а требаше. Сите проби од визуелен аспект беа катастрофални затоа што никој од нас присутните не знаевме стручно да кажеме што не е добро. Да напоменам дека во полуфиналето имаше 27 држави и тоа беше во историјата на Евровизија најтешко полуфинале затоа што 17 држави отпаѓаа.

Да кажам дека македонската и српската делегација беа во ист хотел и за голема среќа, во нивната делегација беше и режисерот Дарко Камарит, кој е мој личен пријател.
Бидејќи пробите беа при крај, незадоволството беше големо затоа што визуелниот ТВ-настап на Каролина беше катастрофален и очигледно дека со таков настап нема финале.

Јас во таа ситуација бев во очај. Го повикав на кафе Дарко Камарит и му се обратив со овие зборови: „Дарко, од ова што го барам од тебе апсолутно не зависи нашето пријателјство. Имено, нашиот режисер, за мене од непознати причини, не допатува и нашиот настап е лош. Те молам, ако е некако можно да дојдеш и да помогнеш да се реши визуелно она што ние не знаеме објективно да им појасниме на луѓето во режија. Имам предвид дека ти не си овде приватно и дека претставуваш друга земја, така што од оваа твоја одлука не зависи нашето пријателство.

Дарко, без никакво двоумење, рече: „Да“, дојде и им објасни во режија што треба да се коригира. Имавме фантастичен настап и влеговме во финале.

Ја користам пригодата уште еднаш јавно да му се заблагодарам, како нему лично така и на српската делегација. Прашање до сите што ќе го прочитаат ова: Како ќе постапевме ние во обратна ситуација? Жири-комисија на ваква голема меѓународна манифестација се составува од најеминентните автори, како што впрочем го прават сите други држави, а не анонимуси, како што беше во нашиот случај“, напиша композиторот.

Нашата претставничка Тамара доби 12 поени од Србија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here