дома Свет Пропадна ланецот на рестораните на најпознатиот ТВ готвач

Пропадна ланецот на рестораните на најпознатиот ТВ готвач

175
0
АКЦИЈА

Пропадна ланецот на рестораните на Џејми Оливер најпознатиот ТВ готвач и борец за поздрава исхрана во светот кој има застанато на челото на многу кампањи за подобрување на исхраната и кој напиша многу книги на темата храна.

Познатиот британски готвач Џејми Оливер рече дека неговиот ланец на ресторани ќе го превземе нова управа, заради што под знак на прашалник ќе бидат 1300 работни места.

Вкупно 25 ресторани, од што 23 му припаѓаат на Џејмиовиот италиански ланец, имануваа нова управа составена од ревизори на фирмата КПМГ.

Еден од ланецот на италијаски ресторани на Џејми Оливер во Лондон

Оливер Рече дека му е посебно жал заради ова и дека сочуствува со сите запослени кои ќе бидат погодени од ова.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите муштерии кои уживаа и не подржуваа во текот на последната деценија. Беше право задоволство да ви служам“, истакна познатиот готвач.

Џејми Оливер е еден од кулинарите кој е најпознат за популизацијата на телевизиското кулинарство, а сними голем број емисии на таа тема и напиша многубројни кувари.

Освен тоа, голем борец е за поздрава исхрана, а водеше и акција за подобрување на квалитетот во британските училишта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here