Се будам.Ѕверам во плафонот, знаејќи дека имам цел ден пред мене што морам да се соочам со него
Повеќето луѓе читајќи го ова мислат, па што ? Ние сите имаме одговорности од кои не можеме да избегаме. тоа делот од животот на возрасните. Како и да е ако се борите со ментална болес како мене, знаете дека е многу покомплицирано од колку едноставно да не сакате да станете од креветот.
Не можете да се движите. Психички не можете да се движите, затоа што вашата мисла кога прави прости одлуки ве прави да се смрзнете. вашиот мозок оди во прекумерно болно размислување, размислувањето на сите исходи кои што можат да се случат, реално или не. Вие почнувате да чуствувате тежина која се населува во вашите гради само мислејќи како да стигнете на работа на време. Веќе е 7:00 а вие лежите во креветот со часови, обидувајќи се да станете да стигнете до тушот.
Ако се прапознавате во ова сценарио, вие можеби, како мене, имате анксиозно пореметување. За тие доволно среќни да ја истрпат оваа борба секој ден, ставете се себеси во нечиви туѓи чевли барем само за неколку минути.
Часот е 7:30, и јас веќе се истуширав и облеков спремна за денот. Влегувам во кујната, знаејќи дека имам околу 20 минути да го грабнам доручекот и да го спакувам ручекот за денот пред мене. Пред да го изедам доручекот гледам куп валкани чинии во мијалникот. Во аголот на моето око, гледам гомила на тронки кои друг член на семејството не се обидел ни да ги исчисти оставајќи ги зад себе. Гледам како мравките маршираат една по друга, заземајќи ја цела кујна, додека не се намножат ијадници од нив како права армија. Сега знам дека ова изгледа како смешно приувеличување. Всушност јас не ги гледам тие мравки. попрво мојот мозок доаѓа до заклучок дека доколку не ги исчистам тронките кои некој не ги исчистил после јадењето, цела колонија на мравки ќе се појави од никаде и ќе ме опкружи. Ова ќе се случи ако веднаш не ги исчистам тронките во истата минута. рационалниот дел на мојот мозок знае дека грешни инфестации се случуваа во некои ситуации, и ако го изедам мојот доручек пред да го исчистам нередот, ќе биде ОК, и цела колонија на мравки нема да дојде надвор од ѕидовите. Но делот од имањто на анксиозно пореметување, е делот на исклучување на мозокот кој мисли рационално, и ирационалниот страв ја превзема улогата. Страшно чувство ме пере, и имам импулс да ја исчистам цела кујна, пред да го изедам мојот доручек да ја превенирам секоја грешна инфестација.. Чистењето е околу 10 минути, оставајќи ми уште само десет минути пред да го изедам јаболкото и бананата и да искочам низ вратата.
Мојот пат до работното место е околу 20 минути, сосе утринската гужва. Можам да одам преку надвозник, но се убедувам дека ќе биде исто така долго колу и на патот. Ги избегнувам надвозниците каде и да е можно, бидејќи моите дланки се потат и моите ноѕе почнуваат да се тресат кога и да треба да се вклучам од надвозникот на патот. Возам во една лента и одбивам да сменам лента, бидејќи менувањето на ленти беше како во мојот прв полесен судир. Кога прво влегувам во кола, во мојата глава ја сликам дестинацијата и најсигурниот пат до неа. обично е патот на кој нема надвозници и има помалку леви свртувања. Дури и да мора да одам по друг пат, знам дека таму стигнувам безбедно
Стигнувам на работа на време, што всушност значи дека доцнам. ја сум најточната особа која ја знам, заради мојот страв да доцнам, кој ме тера да ја напуштам куќата 5 минути порано отколку што треба на време. Разминав соработник во халата, соработник со кого всушност на сум толку блиска, но ми делува секогаш пријателски. Нормално ќе се насмеам и ќе му кажам добро утро, но денеска сум фокусирана на стигнување во училницата на време кога децата пристигнуваат, па го прескокнав добро утрото и поминав само така покрај неа.
“Добро утро и на тебе исто така,” ми дофрла таа со саркастичен тон. Вината започнува да копа длабоко внатре. Да ли направив нешто погрешно? Да ли таа ме мрази? Не ми е толку јасно можеби и таа имале тешко утро. Не како ние да бевме пријатели. нејзиното мислење за мене не треба да ме засега. Но ме засега. Уште еден дел од имањето анксиозно пореметување е да имате кривица за работи што не се ваша грешка. Се чуствувате како да имате моќ да го контролирате универзумот, и ако направите една грешка, целиот универзум ќе пропадне само заради вас. не можете да ги пуштите малите работи да си заминат, и ве погаѓаат цел ден. Го поминав остатокот од целиот ден обидувајќи се да бидам добра со сите соработници, така да не мислат дека ги мразам. Тоа е апсолутно исцрпувачки. Ја само добивам желба да се испружам на мојот кауч и да ги гледам програмите кои ми се допаѓаат. Но ги лажирав конверзациите за темите кои помалку ми се допаѓаат за останатиот дел од светот де ме гледа како нормална.
Кога конечно легнав со главата на мојата перница, мојот мозок сеуште не се исклучи. Случувањата од денот се вртеа постојано и постојано во мојата глава. Да ли направив доволно. Да ли мојот шеф мисли дека доволно добро си ја работам работата. Што за децата на кои не можев да им помогнам денес? Има ли нешто кое би можела да го правам поинаку. Не знам како да ги сопрам сомнежите кои ме разоруваат, па така наместо обидувајќи се да се справам со нив, јас само се ѕверам во плафонот.
Секаде во светот, има илјадници луѓе, соочувајќи се со истата борба со себе секојдневно. Внатрешната борба не е видлива, но е валидна. Ве молам, бидете љубезни. Бидете трпеливи со нас. Ние го даваме најдоброто од нас можно. И ако сте среќни доволно да немате ментална болест, прошетајте еден ден во нашите чевли, пред да скокнете во заклучоците за нас, и знајте дека сме посилни отколку што знаете.