Тамара Тодевска како претставничка на Македонија, ќе учествува во саботното финале на изборот за песна на Евровизија. Популарниот Евросонг годинава се одржува во Тел Авив, Израел, а песната „Proud“ во изведба на Тамара, заслужи место во финалето. За нашата земја, ова е прво финале на Евросонг после 2013 година кога Калиопи се најде меѓу најдобрите со „Црно и бело“.