дома Балкан Србија воведува факултативно изучување на кинескиот јазик во сите гимназии. Доколку сакаш...

Србија воведува факултативно изучување на кинескиот јазик во сите гимназии. Доколку сакаш да имаш соработка со некого, најдобро е да го познаваш неговиот јазик

407
0
АКЦИЈА
Прекрасните предели на Кина

Врвниот развој во технолошките процеси на Кина и нејзиното изнедрување како една од водечките економски сили во светот, не останаа не забележани во Србија како и во многу европски и светски земји. Србија како и многу други земји се одлучи за факултативно изучување на кинескиот јазик. Кина е земја која особено се истакнува во економијата, технологијата и науката. Кога се работи за ове сфери секој би сакал да има добра сорабтка и размена на искуства со врвните кинески експерти. Преку факултативното изучување на кинескиот јазик и култура на Србија и се отвара голем спектар на разбирање и искуства од најмодерните светски процеси од овие области. Доколку сакаш со некого да соработуваш, да учиш од него и тој од тебе, и да му кажеш за себе, најдобро е да го познаваш неговиот јазик. Нам како на мали Балкански народи секогаш ни се добредојдени проверени искуства кои ќе го забрзаат нашиот напредок и развиток.

Во Србија во моментов кинески јазик учат 2.000 ученици во 64 основни и средни училишта. Од есеноска, тој број би можел да биде поголем затоа што на гимназијалците им се пружа можност да учат кинески во сите четири години.

“Имаме помош од НР. Кина која ни прати свои 24 наставници за реализација на сето ова. И во средните и во стручните школи – околу 13 школи во Србија имаат факултативно изучување на кинескиот јазик бидејќи поврзувањето со пазарот на трудот односно со економијата која е се појака и потребите на таа економија изискуваат и знаење на кинески јазик”, објаснува Александар Пајиќ, посебен советник во министерството за просвета.

Програмата е шанса за запослување и на нашите синолози, сметаат филолозите.

“Кога говориме за стручната оспособеност, јас исто така мислам дека Србија е една од ретките во регионот која поседува група за кинески јазик, книжевност и култура, преку 40 години. Таа исшколува кадар кој може да се вклучи во овој проект. а јас би сакал тоа да заживее и во основните училишта и тогаш нашето образование да го добие тој полн круг”, истакнува проф.. Радослав Пушиќ, српски угледен синолог и директор на Институтот Кунфуциј во Белград.

За учење на кинескиот јазик предвидени се два часа неделно, а оценката нема да влегува во просекот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here