дома Живот Меган Маркл роди Машко дете. Пристигнуваат честитки од ширум светот.

Меган Маркл роди Машко дете. Пристигнуваат честитки од ширум светот.

474
0
АКЦИЈА

Војвотката од Саксес Меган Маркл, и нејзиниот сопруг принцот Хари, станаа родители. Но сеуште не се знае како ќе се вика детето.

Кралското семејство доби уште еден член. Војвотката од Саксес Меган Маркл роди машко дете, пренесува ројтерс.

Пар је ступио у брачне воде у пролеће прошле године

Парот стапи во брак минатата година

Рано изутринава, Меган и Хари отидоа во породилиштето, соопштено е од Бакингемската палата.   

Првото дете на Војводата и Војвотката од Саксес е седмо во редот за британскиот трон.

Бројни светски медиуми малку порано спекулираа дека бившата глумица ќе се породи во домашен амбиент, и дека парот нема како што традицијата наложува, да и го покаже бебето на јавноста, набргу по породувањето.

Од палатата е соопштено дека бебето е, тешко три килограми и двеста грама, родено е сабајлево во 5.26. Принцот Хари присуствуваше на породувањето. Објавата на „Инстаграм“ за приновата во кралското семејство

„Беше неверојатно! Како што веќе кажав, многу сум поносен на мојата сопруга. Како секој татко и родител, и ја мислам дека моето бебе е неверојатно, моето мало бебе, би умрел за него“, им рече на новинарите со осмех принцот. Додаде дека и сеуште не одлучиле како ќе се вика.

Во објавата на инстаграм профилот на познатиот пар, се наведува дека парот и се заблагодарува на јавноста за подршката и на покажаната заинтересираност, а соопштено е дека мајката и бебето се добро.

Додаваат дека следните детали ќе бидат споделени во наредните денови, кога парот со синот прв пат ќе излезе во јавноста.

За разлика од братот на Хари, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, кои, скоро одма по породувањето, со своите деца, им позираа на граѓаните и фоторепортерите пред болницата, Меган и Хари со фотографирање ќе се занимаваат дури за неколку дена и тоа во просториите на замокот Винздор.

Внукот на кралицата Елизабета и синот на принцот Чарлс и покојната принцеза Дајана – Хари, и американската, сега бивша глумица Меган, се венчаа минатата година во Мај. Честитки за родителите пристигнуваат од сите страни. Премиерката Тереза Меј им посака „полно среќа и се најдобро“ преку профилот на Твитер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here