дома Свет Видео: Филигрански маневар на стратешки бомбардер Ту-160

Видео: Филигрански маневар на стратешки бомбардер Ту-160

730
0
АКЦИЈА

Министерството за одбрана на Русија објави видеоснимка на која екипаж на стратешки бомбардер Ту-160 увежбува дополнување на гориво во воздух, што е еден од најтешките елементи на обуката.

На висина од неколку километри и со брзина од околу 500 км/ч треба да се приближите на танкерот на растојание од неколку десетици метри, а потоа со врвот на авионот тежок 260 тони да погодите конус со големина на обична кофа кој во воздух на таа брзина не мирува. За оваа операција е потребна апсолутна координираност на екипажот и на едниот и на другиот авион, а од пилотот на стратешкиот бомбардер се бара голема прецизност. Поради тоа дополнувањето на гориво пред тренингот на небо се увежбува повеќе пати на тренажер.

Штом цревото ќе се спои со конусот, се вклучува пумпањето на горивото. Кога се полни со гориво голем авион (а Ту-160 спаѓа во големите авиони) пумпите на авионот-танкер Ил-78 можат да преточат 3 тони керозин за една минута. Вистина, за Ту-160 тоа е како капка во морето. Овој џиновски ракетоносец може да прими 171000 литри керозин, а 3 тони му се доволни за половина час летање.

https://www.youtube.com/watch?v=8HQjODft4hAГолемите авиони се полнат и по 15 минути и за сето тоа време екипажот мора строго да води сметка за брзината и висината за да не дојде до затегнување или претерано опуштање на цревото за гориво. Благодарение на дополнувањето во воздух должината на летот на стратешките бомбардери на Воздушно-космичките сили на Русија е практично неограничена.

Погледнете го видеото: Моќта и убавината на стратешката авијација на Воздушно-космичките сили на Русија

Превземено:
RUSSIA BEYOND – МАКЕДОНИЈА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here