дома Живот Првата книга на Г-ѓа Мелинда Гејтс достапна за светот на читателите од...

Првата книга на Г-ѓа Мелинда Гејтс достапна за светот на читателите од Април 23. 2019 г.

578
0
АКЦИЈА
Првата книга на Г-ѓа Мелинда Гејтс, “The Moment of Lift”

Првата книга На Г-ѓа Мелинда Гејтс конечно овој месец на 23 во вторник ќе биде достапна за читателската јавност ширум светот. Во нејзината книга “The Moment of Lift” : Како оспособените жени го менуваат светот, Г-ѓа Мелинда Гејтс изнесува јасно тврдење: Кога ја издигнуваме жената, го издигнуваме човештвото.

По години поминати во патувања, хуманитарна работа и обимни истражувања, Г-ѓа Мелинда Гејтс не запознава со жените кои ги сретнала по тој пат. Нејзините приказни се брутално искрени, во повеќе наврати вознемирувачки, инспиративни и триумфални. Тие ни покажуваат како, времето и само времето го оспособи женското воздигнување и ги донесе нивните семејства и заедници заедно покрај нив.


Г-ѓа Мелинда Гејтс во својата книга исто така го споделува своето лично патување до постигнувањето на еднаквост во својот долгогодишен брак, така пронаоѓајќи го својот глас и постанувајќи адвокат за жени и девојки. Таа објаснува како жените кои ги сретнала ја повикале на акција. И во овој критичен момент таа не повикува на акција и нас- ургирајќи на нас, да одиме во правец на прогрес во нашите домови, работни места и заедници.

“The Moment of Lift” ќе ги наполни вашите срца со надеж и детерминација да се оспособите самите и другите. Исто така ќе го запали вашето чувство на ургентност, оставајќи ве осудени во размислувањето дека еднаквоста веќе не смее да чека.

Забелешка од Г-ѓа Мелинда Гејтс:

Ова е најургентното прашање во мојот живот: Како можам јас – како може било кој од нас – да ги повика моментите на воздигнување едни на другите?

Како што јас дојдов до разбирање тоа е дека сето зависи од жените и девојките. За време на целата историја жените биле потиснати на маргините, лишени од еднаква шанса за учење, водство, заработка, напредок и воздигнување. Дури и денес нема место на светот каде што жените имаат постигнато вистинска еднаквост.

Сега, конечно светот се буди пред фактот дека ни еден од нас не може да оди напред, кога половината од нас се држени назад. Податоците се јасни, оспособени жени менуваат општества.

Ова е книга која аргументира дека прогресот е можен, но е исто така колку за луѓе, толку и за идеи. Ова е прилика да ја кажам својата приказна, но уште многу поважно ова е прилика да ги кажам неверојатните приказни на жените кои ги имам сретнато насекаде во светот. Ја напишав како дел од ветувањето на самата себеси да направам се што можам да се осигурам дека нивните гласови се раширени и нивните искуства презентирани во светски најважните конверзации.

ЗА КНИГАТА РЕКОА:

Ова е ургентен повик на храброст.


Brené Brown

Оваа порака ни треба повеќе од било кога.


Malala Yousafzai

Мисалам дека ова е една од најдобрите книги која досега сум ја прочитал.


Warren Buffett

Убава и концизна мисионерска изјава.


Trevor Noah

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here