дома Култура EVOKE- новата платформа на Г-ѓа Мелинда Гејтс. Бидете во тек со темите...

EVOKE- новата платформа на Г-ѓа Мелинда Гејтс. Бидете во тек со темите кои го засегаат светот.

63
0
АКЦИЈА

Животната сопатничка на Г.Бил Гејтс, Г-ѓа Мелинда Гејтс на својата Фејсбук страна ја промовираше својата нова платформа EVOKE каде може да се слушне гласот на change мејкерите од ширум светот. На оваа платформа може да се прочитаат интересни работи кои се однесуваат на правата на жените во денешниот свет и нивната борба за равноправност со мажите, како што исто така можат да се чујат разнобројни теми и приказни како за положбата на младите во светот, за технологијата и иднината на истата, за жените и мажите кои се занимаваат со технологија, така и за уметноста, културата и многу останати интересни теми напишани од различни релевантни автори ширум светот. На таа тема за жените низ светот и нивната борба низ општествата во кои живеат Г-ѓа Мелинда Гејтс напиша и книга која е всушност нејзина прва книга насловена како “The moment of lift” каде што го раскажува своето искуство за борбата на многу жени и луѓе од светот који ја имаат инспирирано во нејзината адвокатура за подобрување на правата на жените и девојките во светот. EVOKE е правиот избор за сите напредни млади жени и мажи кои го бранат женското и машкото достоинство преку борбата за еднаквост на половите и меѓусебно разбирање и почитување. Навистина има што да се прочита и за што да се зборува. Бидете во тек со EVOKE и секојдневните теми од ширум светот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here