-Бидејќи Харадинај ми се закани дека ќе ме урне од власта, а некои наши политички противници убаво ги дочекуваат во Приштина, им помагаат на различни начини, можеби и ќе ме урнат, но јас на условите кои ги поставуваат косоварите никогаш нема да се согласам, порача Вучиќ.
„Сега сиктер со таа хартија, бандо од Притшина, каде и да сакате и видете дали некој тоа ќе ви го исполни, Србија нема“, изјави Вучиќ.
Српскиот Претседател исто така рече дека пред шест месеци го предупредил Брисел дека нацрт платформата на Приштина е вовед во катастрофа на целиот Балкан, а дека Европската Унија го уверувала дека платформата нема да дојде на дневен ред, дека нема да ја изгласаат, а дека денес велат дека „немаат коментар“ за документот.
„Ме прашуваат дали ме измамиле. Да, ме измамија, но пред сѐ себеси се измамија“, вели Вучиќ во Сремска Митровица и додаде: „Но, не е Србија така мала и слаба како што мислат. Одговорот на барањата на Приштина е јасно „не““.