дома Свет Семејството Џексонс новиот документарец кој ја обработува темата за злоставување на деца...

Семејството Џексонс новиот документарец кој ја обработува темата за злоставување на деца од страна на Мајкл го нарече јавен линч врз Мајкл Џексон

460
0
АКЦИЈА

Семејството на Мајкл Џексон силно се спротивстави на документарниот филм кој го обновува фокусот на обвиненијата дека пејачот сексуално злоставувал млади момчиња, нарекувајќи го тоа “јавен линч” правејќи го кралот на попот лесна мета. Семејството Џексонс рече дека биле многу нервозни од изненадувањето и сензацијата “Leaving Neverland” кој имаше премиера во петокот на Sundance Film Festival.

Семејството Џексонс изјави дека пред неговата смрт во 2009 Џексон се сретнал со долга инвестигација во која бил вклучен и претрес на неговиот имот Неверленд ранч во Калифорнија и криминално судење однесувајќи се на друг тинејџер, во кое тој бил ослободен од обвинивањата.

Мајкл секогаш го свртуваше другиот образ, и ние секогаш го свртуваме другиот образ кога некој напаѓа член на нашето семејство. Тоа беше стилот на Мајкл и ние продолжуваме во тој манир. Но сепак овој пат не можеме да стоиме мирно додека оди овој јавен линч, тоа е премногу и покрај лешинарските твитови и останати постови против Мајкл од луѓе кои не го ни познавале.

Новиот четиричасовен документарец, кој ќе оди со прикажување на HBO покасно оваа година вклучува исповести од обвинивачите Вејд Робсон и Џејмс Сафечак кој ги остави посетителите на филмскиот фестивал Санденс шокирани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here