Оваа слика од познатиот билијардер го обиколи светот. Бил Гејтс во саботата е виден и сликан како чека брза храна пред една сендвичара во Сиетл каде што и живее..
Неговото однесување покрај фактот дека тежи 95 билиони долари ги одушеви сите. Под сликата која ја сподели минувачот кој го сликал Бил Гејтс можеа да се прочитаат коментари од типот дека “тој со своето однесување ги надминува сите богати луѓе во светот”, “Дека за разлика од билионерот кој седи во Белата Куќа и врши нужда во златна шоља, Бил јаде оброк од 6 долари чекајќи го во ред со останатите”. “Неговото однесување треба да биде пример за сите останати совесни граѓани и нормални луѓе кои парите и славата не ги удриле во глава”.
Бил Гејтс покрај неговата работа со Микрософт е познат и по неговата филантропска работа заедно со неговата сопруга Мелинда Гејтс, тие ја имаат основано фондацијата Бил и Мелинда Гејст која во ниско и средно развиените земји во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) се занимаваат со здравствените проблеми кои во развиениот свет лесно се лекуваат додека во тие земји поради недостиг на медицински средства се фатални и исто така добавката на тие средства е финансирана од нивната фондација. Тие покрај здравството се занимаваат и со прочистување на водите во ниско и средно развиените земји, со донирање средства за лесни и долги кредити потикнувајќи го населението на претприемништво, се заложуваљат и вложуваат против пушењето и тутунската индустрија, во сузбивање на сиромаштијата и во многу останати сфери каде што се неопходни финансии кои државите нажалост неможат да си ги дозволат а се однесуваат на основните здравствени и животни потреби на една индивидуа.
Нивното мото е дека сите заслужуваат еднаква шанса.
Со оваа фотографија Бил Гејтс навистина покажува дека е обичен човек како и сите ние и покрај тоа што во моментов е втор најбогат човек на светот после Џеф Безос и неговиот Амазон. Но според многумина тоа е заради недостатокот на јасносни определби во законот за пиратерија во многу земји.
Бил Гејтс и понатаму продолжува да го плени светот со своето човечко, секојдневно и нормално однесување и секако со големите средства кои ги вложува за сиромашните со неговата фондација Бил и Мелинда Гејтс фондацијата.