Реални и одржливи економски перспективи, со повисоки плати, нови вработувања и инвестиции, најавуваат за годинава премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски.
Како што информираа на прес-конференција, годинава имаат намера да донесат одлука за ново зголемување на минималната плата, но се уште немаат конкретни рокови и бројки.
Според Заев, 2019. треба да ја гледаме како година на остварување економски резултати и во која економијата ќе функционира за секого за што се поставени услови во изминатиот период