дома Албанија Aлбанија ги забрани казината и кладилниците и воведе по 3000 евра за...

Aлбанија ги забрани казината и кладилниците и воведе по 3000 евра за прво дете, 6000 за второ и 9000 за трето

528
0
АКЦИЈА

Од денеска во Албанија стапуваат во сила важни одлуки кои не наишле на одобрување кај поголемиот број граѓани.

Во Албанија од денеска повеќе нема да има обложувалници и казина, затоа што нивната работа ќе биде забранета со закон.

Од Министерството за внатрешни работи на оваа држава изјавија дека секое казино или обложувалница кои ќе работат илегално, ќе бидат третирани како парцели со канабис.

Втората одлука која од Нова година ќе важи во Албанија е тоа што претпријатијата со годишен промет од осум до четиринаесет милиони евра, ќе плаќаат три пати поголем данок отколку досега.

Одклуката која била прифатена од граѓаните е намалувањето на школарината на половина, што е последица на студентските протести во државата.

Исто така од денеска Владата на Албанија ќе плаќа по 400.000 леки (3000 евра) за прво родено дете, 800.000 за второ (6000 евра) и дури милион и 200.000 леки за трето дете (9000 евра).

Превземено од Маркукуле.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here