дома Балкан Збор на уредникот: СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

Збор на уредникот: СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

544
0
АКЦИЈА

Среќна Нова 2019 ви посакува уредништвото на Балкански глас на вистината. Исполнување ако не на сите барем на повеќето желби, многу повеќе напредок во животот на сите полиња, многу помалку омраза а повеќе љубов, и секако повеќе демократија онаму каде што највеќе ни е потребна, а тоа е слободата на говорот, слободата на конфесијаta, слободата на определување и сите останати слободи кои се гарантираат со Уставот на Р. Македонија.

Збор на уредникот:

Луѓето на нашите простори се преоптеретени со дневно политички теми од општеството и навистина некогаш сето тоа знае и да замори човек како ништо друго, затоа и ние како портал се чуствуваме некогаш како да вршиме секојдневна тортура врз читателите, но тоа секако не мора да значи иако некогаш може да биде. Па затоа им се извинуваме на сите оние кои не доживеале така во изминатата година и воопшто не се лутиме туку едноставно ја разбираме она на Черчил дека Балканот произведува повеќе политика отколку што може да поднесе. Па така водејќи се од таа крилатица се обидуваме да бидеме умерени во вестите кои ги презентираме. Луѓето им веруваат или не им веруваат на медиумите или ги рангираат како подобни и не подобни за нив и нивните сфаќања. Ние како интернет медиумски простор се заложивме за уредувачка политика каде што негативностите ќе ги критикуваме кај сите, а позитивните ствраи ќе ги глорификуваме без разлика од која страна доаѓаат. Многумина можат забележат дека не сме индоктриниран медиум какви што ги има се повеќе и повеќе, туку дека едноставно кај нас има место за сите вести без разлика од која страна доаѓаат. Нашиот етички кодекс не ни дозволува да ги вбројуваме вестите на леви или десни или на овие или оние туку парадигматично ги вбројуваме во парадигмата за општото добро и благосостојба на нашата Р. Македонија и пошироко на Балканот, бидејќи ниедна држава во регионот не може да биде успешна доколку сосоедите се неуспешни. Таква е нашата визија за слободното новинарство и протокот на свежи и секојдневни вести од политиката, спортот, културата, животот, забавата и тнк.

Нашата интернет заедница или страна на која ги презентираме нашите вести брои малку помалку од 5000 луѓе кои не пратат. Тоа е слично како еден Фејсбук профил на некоја убава женска особа која е расположена да шири пријателства со останатите. Ние навистина меѓу останатото објавуваме првенствено за политиката, но сепак не радува фактот и покрај малиот број на луѓето кои не пратат дека луѓето се впрочем многу позаинтересирани за љубов отколку за политика. Всушност љубовта и повеќе фали на нашите простори отколку политиката, тоа е заклучок повторно изведен од онаа черчиловата погоре, но и од секојдневното искуство со кое се сретнуваме во секојдневниот живот. Зато ви посакувам повеќе, љубов, здравје, среќа, успех и радост во новата 2019. година отколку политика која ги преминува границите на политиката и секојдневието. Нека секојдневието ви биде исполнето со своите најблиски, пријателите и партнерите, а во вестите од Балканот ќе пловиме заедно како и до сега и во 2019. година..

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА.

Уредник :Стојан Марковски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here