„Не знам колкава ми е платата затоа што досега не сум земал ни една. Исто така ниту сум се борел за некакво покачување и не знам дали воопшто имало покачување, затоа што секоја моја месечна плата била донирана за некое семејство, според список доставен од Министерство за труд и социјала“, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во одговор на новинарско прашање денеска во Собранието.
Тој платата за својата работа како заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, ја донира на приматели, семејства кои се во неповолна социјална положба според список доставен од Министерството за труд и социјална политика. Притоа се внимава донирањето односно распределбата на платата да биде врз принципот на застапеност на сите етнички групи и семејства од различни населени места во Република Македонија.
Ова тој го истакна како одговор на прашањето од пратеничката Нола Исмајлоска Старова во однос на коефициентот за платата на Замениците претседатели во Владата на Република Македонија.
Анѓушев уште од почетокот на својот мандат ја донира целата своја плата на семејства во неповолна финансиска положба и на талентирани студенти од техничките науки.
Превземено од IPORTAL