Гаранции за можност на вработување во државни институции на пратениците по истекувањето на нивниот мандат ова е клучната поената на иницијативата зад која стојат група пратеници, меѓу кои и осумката исклучени од ВМРО ДПМНЕ, а што треба да биде измена на законот за пратеници, потврдуваат од пратеничките групи. Според планот, привилегии ќе има и за оние пратеници кои активно бараат работа во агенцијата за вработување. Официјално од телото за реформи велат дека има иницијатива но не сакаат да коемнтираат детали – само кусо велат дека не е приоритет.
„Има предлог од пратеници додека не се хармонизира со владата не можам ништо да ви дадам. Знаете дека нема да се даваат повеќе пари на тие што седат дома.“ – вели Реџаил Исмаили Претседател на тело за реформи.
Превземено и повеќе на 24.мк