дома Балкан Вучиќ: Би било добро народните партии да добијат поголема подршка во ЕП

Вучиќ: Би било добро народните партии да добијат поголема подршка во ЕП

468
0
АКЦИЈА

ХЕЛСИНКИ – Претседателот на Србија и лидерот на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ изјави денеска дека би било добро за целиот регион на Западен Балкан Европската народна партија да добие мнозинство во Европскиот парламент, на следните избори, затоа што тогаш сеуште ќе постои предвидливост, некој вид на безбедност и ќе знаеме што не чека во иднина, а ако има “чудни резултати”, кои не ги исклучува, стравува дека на несигурноста и нестабилноста може да биде резултат на тие чудни резултатати.

Вучиќ, по разговорите со претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, истакна дека на Самитот на Европската народна партија во Хелсинки беа најзначајните имиња од Европа, претседателот на Европскиот парламент, Европската комисија, Советот на ЕУ, и многубројни претседатели и премиери од повеќе земји.

Вучиќ: За покажување на мускулите која цена би ја платиле

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска во Хелсинки, пред да замине за нови разговори во Брисел за да разговара за односите со Приштина, и истакна за оние кои мислат на покажување на мускулите, дека треба да размислуваат за цената што треба да се плати подоцна.
“Интересно е дека за Сулејман Угљанин и неговите приврзаници сум геј и фашист, за Хрватите сум терорист, заедно со Алесандро Караѓорѓевиќ, за Тачи сум ѓаволот, јас навистина не знам што се сум за Комшиќ. Тоа го слушнав за време на неговата кампања, како и дека треба да ќутам како не би имал проблеми со него. За добар дел од народот во Србија сум предавник, бидејќи треба да бидам и ѓавол и терориста на куб да не бидам предавник “, изјави Вучиќ …

Вучиќ: Земунскиот кланго создаде претходната влада

Српскиот претседател Александар Вучиќ, реагирајќи на изјавата на Бојан Пајтиќ дека со Србија владее политичко крило на Земунскиот клан, рече дека Земунскиот клан го формирала претходната влада преку Љубиша Буха Чуме и сите останати.
Вучиќ изјави за новинарите во Хелсинки,дека тој не знаеше што да им каже на луѓето кои ја чуваат фоељата до последниот ден, со пет или шест отсто на поддршка, бидејќи тоа им е “многу важно да уживаат во своите фотелји” …

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here