дома Култура Се повеќе родители со насилни методи ги воспитуваат своите деца

Се повеќе родители со насилни методи ги воспитуваат своите деца

197
0
АКЦИЈА

Осум од десет родители во Македонија користат насилни методи за воспитување на своите деца. Брзиот начин на живот, работните обврски и секојдневниот стрес кај возрасните негативно влијае на развојот кај децата. Физичкото и психичко насилство во раната возраст носат трајни последици подоцна во животот, алармираат надлежните. За да се обезбеди квалитетно и безгрижно детство институциите мора да работат координирано, но надлежните признаваат дека кадар недостига на сите нивоа.

Институциите преку кампања ќе ги едуцираат родителите како треба да се однесуваат кон своите деца. „И родителството се учи“ ќе се имплементира преку градинките, училиштата и здравствените установи, а ќе има за цел да укаже на последиците од насилното однесување кон децата.

Проблемот со недоволната заштита на правата на децата го детектираше и Европската комисија. Во пролетниот извештај за Македонија пишуваат дека законот недоволно се спроведува, а заштитата и грижата на децата е на ниско ниво.

Според податоците на Светската здравствена организација секое трето дете во земјава расте во емотивна запоставеност. Подобри резултати во регионот има во Црна Гора, Србија, Албанија и Бугарија, а зад нас се Русија и Латвија.

Биљана Божиновска

Алфа Тв

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here