Сите поранешни војници на Ослободителната народна армија, кои се жители на општина Сарај, се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај. Таквата одлука денес ја донесе Општинскиот совет во Сарај и е ветување на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, каде што беше и дел од изборната програма, објави „Тетова“.
Со ваквиот чин сите оние кои го предизвикаа конфликтот во Р. Македонија се ставаат над оние кои го бранеа суверенитет, интегритетот и целовитоста на Р. Македонија.