дома Балкан Иванов: Со Договорот од Преспа се негира правото на самоопределување, слободата на...

Иванов: Со Договорот од Преспа се негира правото на самоопределување, слободата на мислење и изразување

443
0
АКЦИЈА

Авторите на текстот на Договорот од Преспа, кои и да се тие, покажуваат или елементарно непознавање на балканската историја или загрижувачка индиферентност кон сложените процеси на градење балкански идентитети. Искрено, не знам која од овие две алтернативи е полоша“ рече претседателот нас државата Ѓорѓе Иванов на првата национална конференција за византологија од Охрид.
Со Договорот од Преспа, според Иванов, се негира правото на самоопределување, се негира правото на слобода на мислење и изразување гарантирани со Универзалната декларација за човекови права.

Според него Македонија ја живее истата судбина како и самоиловата држава преку непризнавање, негирање, обиди за блокада и изолација и погрешно именување.

На дводевната конференција во Охрид, што се одржува со поддршка на Меѓународната асоцијација за византологија, со свои трудови ќе се претстават 42 пријавени византолози, медиевисти, историчари, археолози, историчари на уметноста, теолози, лингвисти, музиколози и класичари кои се занимаваат со проучување византиското културно наследство и средновековната историја.

Превземено од Независен ВесникНезависен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here