дома Балкан Делиите бојкотираат, но не и против Галатасарај

Делиите бојкотираат, но не и против Галатасарај

490
0
АКЦИЈА

Навивачката група „Делије“ ќе се појават на трибините за наредниот натпревар на Црвена звезда во кошаркарскиот Еврокуп, а тоа е на 30 октомври против Галатасарај. „Првата екипа“ на „делиите“ ќе го прекине бојкотот само за овој меч, потоа повторно нема да навива.

Поддршката од Делиите за Звезда ја нема од 26 јануари, кога на дуелот со Олимпијакос, во дресот на тимот дебитираше Ален Омиќ. Најекстремните фанови го навредуваа муслиманот Омиќ, и решија да бојкотираат, но бојкотот ќе биде привремено прекинат.

Во вторник на 30 октомври, во „Пионир“ ќе гостува Галатасарај, клубот чиј поддржувач го уби српскиот навивач Марко Ивковиќ во Истанбул во 2014 година, пред мечот на Галата и Звезда. Побарано е од сите што ќе дојдат во сала, да облечат маичка со ликот на Ивковиќ.

Превземено од Спорт манија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here