дома Вести СДСМ со последно предупредување за ВМРО-ДПМНЕ: Ако направите уште една блокада, бидете...

СДСМ со последно предупредување за ВМРО-ДПМНЕ: Ако направите уште една блокада, бидете подготвени за тоа што следува

473
0
АКЦИЈА


Од владејачката СДСМ им дадоа последно предупредување на своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ, воедно порачувајќи и дека при наредната блокада, треба да бидат подготвени за предвремени парламентарни избори.

„Доколку врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжат со деструктивното однесување, единствен излез се предвремени избори организирани веднаш на кои граѓаните ќе одлучат за иднината во ЕУ и НАТО“ се наведува во соопштението од СДСМ.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека не можат да побегнат од волјата на граѓаните. Јасно изразената волја на мнозинството граѓани за иднина во ЕУ и НАТО ќе биде реализирана и секој кој се огрешил пред законот ќе одговара.

Мицкоски нема да може да избега од волјата на граѓаните. Амнестија нема да има, Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО“, стоји уште во соопштението.

превземено од: ПОГЛЕД

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here