дома Балкан Хрватската актерка цинично ја прашаа да ли ќерка и е сега Србинка,...

Хрватската актерка цинично ја прашаа да ли ќерка и е сега Србинка, а нејзиниот одговор го одушеви Балканот

95
0
АКЦИЈА

Јелена Вељача, хрватската глумица која неодамна се пресели во Белград првенствено заради работни обврски објави слики од својата ќерка на друштвените мрежи а потоа доби шокантен коментар.

Имено, покрај сликата од ќерката Лана покрај хаштаговите стоеше и #белграѓанка, што очигледно на некој му засмета.
“Кој е тоа, малата Србинка? да ли е тоа белградско дете“, праша еден од следбениците а Јелена многу културно му одговори. Заради нејзиниот одговор аплаудираше целиот Балкан!

– Тоа е дете кое се преселило во друга држава заради работата на родителите, поминува низ големи животни промени со 2 години и 8 месеци, многу сум поносна на неа како стабилно оди низ новата градинка, новиот град, новата бебиситерка, новите пријатели и новиот јазик и се радувам на секој нејзин успех, па и на тоа што говори “моите другарки” и што со радост оди во градинка и бира облека за таму. Еднакво би се радувала и да сме во Токио, и би напишала #japanesegirl затоа што како секоја мајка на кое детето и е на прво место стрептам пред секоја промена која Лена може емотивно да ја уздрма и го славам секој нејзин успех. А вашата инсуинација дека да се биде “мала Српкиња” е нешто лошо за мене е неприфатлива – рече таа и продолжи:
– Ниедна нација по себе не е ни грда ни зла, ниту добра ниту убава. Лена е Хрватица во Белград, но искрено се надевам дека пред се ќе биде добро дете и добра жена и граѓанка на светот, па така големодушна и отворена спрема сите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here