Србија изгледа ја постигна целта со стварање на впечаток дека косовската независност, без согласност на Белград, била погрешна и нестабилна и не претставува конечно решение, оцени бриселскиот дописник на приштинскиот лист “Koha” Августин Паљкојај.
Спрема неговите зборови, Србија пронашла подршка и во еден дел на администрацијата на претседтелот Доналд Трамп, за кого Паљокојај вели дека е “опседнат да покаже дека сите претходни потези на американските администрации биле погрешни и мораат да се подобрат”.