дома Балкан Корекција на границата Србија-Косово прифатлива за Европската комисија

Корекција на границата Србија-Косово прифатлива за Европската комисија

467
0
АКЦИЈА

Брисел би требало да го прифати договорот меѓу Србите и Албанците со кој би се решил долгогодишниот проблем со Косово, изјави европскиот комесар Јоханес Хан, пренесе Еуроактив.
– Се работи за билатерално решение што не може да се користи како пример за други прашања, изјави тој во Виена, јави Танјуг.
Во анализата Еуроактив се наведува дека намерата на комесарот Хан е со таа изјава да отфрли стравувања дека какво било менување на граници на Балканот може да покрене нови проблеми во тој регион.
Белград и Приштина мораат да ги нормализираат односите за да се квалификуваат за членство во ЕУ, а оној момент кога ќе се постигне договор, тој би требало да биде почитуван од страна на сите членки на Унијата, додал Хан.
Постигнувањето на договорот во дијалогот Белград – Приштина со кој посредува ЕУ, Хан го опишал како „геополитичка неопходност“ и потсетил на обврската ЕУ да се грижи за европските држави не препуштајќи таква улога на трети држави во светот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here