дома Балкан Во Србија грозницата Западен Нил коси

Во Србија грозницата Западен Нил коси

458
0
АКЦИЈА

Во Србија четворица луѓе умреле од грозницата Западен Нил во последните недела дена, така да бројот на умрени од грозницата од почетокот на годината се зголемил на 15, соопшти институтот за јавно здравје „Др Милан Јовановиќ Батут”.
Од грозницата на западниот Нил, болест која ја пренесуваат заразени комарци, до сега оболеле 159 пациенти.
Највеќе оболени има во Белград (78)

Грозницата на Западниот Нил прв пат е регистрирана во Србија 2012. година. Од тогаш до 2017. година пријавени се 574 случаеви на грозницата Западен Нил, а умреле 61 особа, наведено е на сајтот на Батут.

Во Европската унија во текот на оваа година регистрирани се 273 случаи на оболување на грозницата на Западен Нил и тоа во Италија, Грција, Унгарија, Романија, Франција, Хрватска, додека девет пациенти умреле јавува Танјуг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here