По бројните негодувања на бранителите во Хрватска околу настапот на Бајага во таа земја каде што му беше откажан настап пред некое време, што наиде на остри критики во јавноста посебно помеѓу младите кои како да се заситени од забрани од таков вид тој сепак одржа концерт во Вараждин.
Со концертот на Момчило Бајагиќ- Бајага и неговиот бенд “Инструктори” на бината пред стариот град во Вараждин, на кој имаше повеќе илјадници луѓе, завршен е првиот ден на јубиларниот 20. Шпанцирфест, пренесоа хрватските медиуми.