дома Балкан Мицкоски: Погрешен Одговор е полош отколку никаков одговор

Мицкоски: Погрешен Одговор е полош отколку никаков одговор

512
0
АКЦИЈА

Има една максима која што вели дека погрешен одговор е полош отколку никаков одговор, изјави претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе води кампања против референдумот или за бојкот на референдумот.

– Ако вие барате од ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни тогаш ќе мора да причекате партијата да ги заврши сите овие консултации кои што ги најавивме и дури потоа ќе излеземе со официјален став а јавноста ќе биде благовремено известена. Трае акцијата „Лето за Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ е континуирано на терен и меѓу граѓани. Разговараме со стотици граѓани на дневна основа, исто така ги консултираме партиските тела. Во периодот што следува ќе имаме состанок на Извршниот и Централниот комитет на партијата – рече Мицкоски.

Според лидерот на опозицијата на граѓаните им е потребна реформа во економијата, во образованието, здравството, а не им се потребни наместени тендери кои што се даваат на роднини и по пријателски линии.

– Сето она што денеска и се случува на Македонија претставува пораз и можам од оваа дистанца да кажам дека сето она што СДСМ го ветуваше, останува празно слово на хартија. Апелирам до сите политичари сложно да ја сфатат професијата политичар како волонтерска позиција затоа што неопходни се сериозни реформи пред се во самиот ментален склоп на политичарите – рече Мицкоски.

Според него, за кампањата за референдумот вели дека владата нема капацитет да се справи со еден ваков предизвик и смета дека јавноста многу брзо ќе биде сведок на уште едно големо фијаско кое што најверојатно ќе изобилува со криминали, полувистини и недоречени работи.

– Гледаме дека владата ја темели својата кампања дека го зачувала идентитетот, но еве ја прашувам владата како е зачуван идентитетот кога институционалниот идентитет ќе се изгуби. Станува збор за погрешна стратегија во целокупниот процес на водење преговори – додаде Мицкоски.

Превземено од Мета.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here