На панелот по повод одбележување на 17 години од охридскиот рамковен догововор насловен “патот до Брисел преку Охрид” говореше премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претсавничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие дадоа свои одговори на тема придобивите од охридскиот рамковен договор.
Прв се обрати премиерот Зоран Заев кој им се заблагодари на политичарите кои пред седумнаесет години смогнале сили да го потпишат рамковниот договор кој гарантира дека насилството нема да биде метод за остварување на био какви цели со насилство. Најголемата придобивка од договорот е соживотот меѓу сите национални заедници во Македонија. Денс ја градиме Македонија како едно општество кое од Македонија ќе направи земја со која сите ќе се гордееме. Денес од изолирана земја направивме земја која има многу пријатели во опкружувањето, договорот е одраз и на новите политики кои ги сплотуваат граѓаните а не ги делат. Како што охридскиот рамковен догоговор е историски така денес создадовме уште еден политички документ, договорот со Грција е светла иднина на Македонија која ни ги гарантира сите идентитетски права. И како што пред седумнаесет години храброста на граѓаните и нашите политичари ја извлекоа од криза Македонија така сега нам ни се дава прилика да ја создадеме светлата иднина на Македонија, иднината за нашите деца, членство во НАТО и ЕУ.
Али Ахмети во своето обраќање истакна дека запрашан каде е разликата денес и кој промени настанале по тој докумет рече дека пред седумнаесет години сме биле во друга земја во други околности сосема различни од тие во кои сме денес, значи разликите и промените настанале и се случиле. После седумнаесет години нашата земја ќе биде земена за модел да се инсталира практиката за троа како ни ги решивме проблемите во Македонија, како од еден конфликт кој беше вооружен тоа го трансформиравме во преговори кои беа успешни, но сакам да потенцирам дека без ангажирањето на НАТО ни ќе платевме повискоа цена која би била човечка, и благодарен сум за век и векови дека НАТО спаси луѓе и ни дадовде мотивација да направиме дијалог со еден искрен ангажман кој се гледа во денешните резултати бидејќи имаше многу ангажирања рамковниот договор да не се реализира заради некои земји во регионот кои не сакаа нашата земја да биде стабила и да оди напред во правец на позитивните евроатлански процеси, но прогресивните сили победија. Потпишавме договор со Бугарија, направивме демаркација на границата со Косово ги приближивме стандардите со тие на НАТО, и преодбата на заев и онаа од пред сто години е да се роди сонцето на запад, оваа платформа треба сите да не сплоти бидејќи орјентацијата се ЕУ и НАТО и мирот за сите граѓани. Успехот за договорот со Грција е во интерес на сите граѓани на Македонија и треба да не обедини во правец на ЕУ и НАТО. Затра што во ЕУ и НАТО ги гледам развојот, иднината и напредокот на нашата земја. ние ќе се ангажираме со сите капацитети да се мобилизира секој граѓанин овој процес да не биде неуспешен зато шпто во овие одлучувачки моменти се гради иднината. Со оваа победа добива мирот и стабилноста, добива и граѓанинот и ова претсавува придобивка за целиот регион кој ќе биде помирен и постабилен. Во оваа прилика бараме помош во последните чекори од овој маратон да ни помогнете и исто како што ни помогна господ во последните седумнаесет години така верувам дека бог е и сега со нас.
Представничката на ВМРО-ДПМНЕ како трет говорник на панелот се обрати до присутните: На седумнаесте годишнината од охридскиот рамковен договор сакам да дадам едно видување. рамковниот договор означи крај н еден конфликт, војна или судир но секое негово споменување буди прашање да ли требаше да се случи. Сега можеме да говориме од временска дистанца но тоа е плодна почва за историчарите. Да ли договорот го закопа за навек националистичкиот занес бидејќи одново има политички злоупотреби бидејќи политичарите прибегнуваат кон теми кои како со нож го делат општеството. Таа 2001 година е година на плач и лелек на мајки македони, албанки, ромки, србинки и зато Охридскиот рамковен договор донесе мир. Да ли рамковниот догово ќе се случеше да не беше војната? Можеби ќе траеше година или две плус додека не се искристализира ама немаше да остави лузни зад себе, војната и резултатите која ги донесе отвори рани кои времето ќе ги залечи само доколку при тоа одново некој не додава сол врз нив и никој не додава прашања кои не делат. македонија да ја гледаме како дом во буквална смисла и ако ние сами не се грижиме за хигената, не си ја платиме стујата, не си го поправциме лифтот никој тоа нема да го направи за нас, ќе ни се запушти домот. Потребни ни се подобра економија, подобро здравство за сите граѓани. И наместо политичките елити од власта да се натпреваруваат кој ќе реши повеќе од овие проблеми тие се натпреваруваат во тоа кој повеќе ќе реши од овие проблеми се чини дека популизмот граден врз националните прашања и измислени и наметнати теми е основниот приоритет. И тука треба да се знае дека на граѓаните пред било што друго им треба добра економија. Колку повеќе еконосмки успеси во Кавадарци толку повеќе добробит ќе имаат и жителите на Дебар. Тажно е да се гледа како кај граѓаниниот без разлика на неговата верска или национална припадност се отвараат прашања кои се болни и во кои не може да биде победник, тоа се прави да се покрие неспособноста на некој да обезбеди подобра економија. Треба да ги бараме работите кои не врзуваат и заедно за нив да се бориме. македонија има една цел како да ја направиме поуспешна економски и за сите нејзини граѓани.