дома Балкан Малески: За Македонија има три вистини

Малески: За Македонија има три вистини

844
0
АКЦИЈА

Денко Малески во куса изјава за Независен весник вели дека за Македонија постојат три вистини. Оштро му се противи на макдонскиот национализам како и секогаш и говори за Грција, Бугарија и рамковниот договор.

„Од независноста во 90-тите години, па до денес македонскиот национализам се соочува со две тешки одлуки. Едната беше разрешена со Рамковниот договор, кога се исправи практично грешката од 1991 година, со донесување на Уставот без согласност на втората по големина етничка заедница, отворајќи ја притоа можноста за доминантната нација да го мајоризира малцинството. Таквото поведение не мина без последици и резултираше со конфликтот во 2001 година“, вели професорот.

Во текстот насловен „Договорот со Грција – ‘рамковен договор’ за името“ Малески вели дека вториот проблем мораше да го апсолвираме на меѓународен план со решавање на проблемот со името со Грција.

„Двата национализми, и македонскиот и грчкиот мораше да разберат дека нема една вистина за Македонија, туку дека има две вистини – една македонска, една грчка. Како што ќе има и трета вистина со договорот со Бугарија“, вели Малески.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here