дома Балкан Србија:Во октомври првите тужби за болестите предизвикани од НАТО бомбардирањето

Србија:Во октомври првите тужби за болестите предизвикани од НАТО бомбардирањето

462
0
АКЦИЈА

Српскиот професоро по право Срето Ного, претседателот на здружението на граѓаните “осиромашен уранијум”, и иницијатор на иницијативата да се тужат земјите на НАТО и граѓаните да добијат оштета, вели дека очекува првите тужби да бидат напишани во октомври.

“Нашите адвокати нацртите со тужбите ќе ги достават до колегите адвокати во Германија, Италија, Франција, Велика Британија и САД. Интензивно разговараме со правници од овие земји. Нивните адвокатиќе добијат полномоштва од нашите граѓани кои ќе ги застапуваат. Се одлучивме да поднесеме тужби пред националните судови на тие земји затоа што сметаме дека нашите граѓани ги имаат истите права како и граѓаните на другите земји на Европа. Ќе се обратиме и до Европскиот суд за човекови права”, истакнува тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here