дома Живот Емпатите и нивната темна страна

Емпатите и нивната темна страна

191
0
АКЦИЈА

За темната страна на емпатијата ретко се говори. Сепак, таа постои и може да ги отруе животите на емпатите.

Емпоатија – Е способност човекот да се постави себе на местото на друга особа и да ги разбере нејзините мисли и чувства. Емпатична особа е онаа особа која има способност да резонира на различни нивоа со други луѓе; благодарејќи му на тоа може точно да ја осети нивната емоционална состојба.

Сеуште е непознато како оваа способност се развила кај емпатите, но многумина веруваат дека е вродена и дека се пренесува преку ДНК.

како функционира тоа? Се во светот е во резонанца со енергијата. Се верува дека емпатите се во состојба да ги осетат промените кои се случуваат во енергијата околу нив.

По правило, емпатите се доживуваат како луѓе, кои не се равнодушни спрема чувствата на другитеh; тоа се одговорни, грижливи, осетливи и милосрдни души. Заради тоа, сигурно ќе бидете изненадени кога ќе дознаете дека емпатите имаат и темна страна.

Многу луѓе од емпатите очекуваат подршка и инструкции. Тоа исто така значи дека емпатите гледфаат во светот многу повеќе ствари отколку ние. Тоа може да предизвика проблеми во различни области на нивниот живот.

Темната страна на емпатијата

Тие не можат да управуваат со своите емоции

Можеби мислите дека еден емпат пошто е добро упатен во емоциите заради тоа лесно може да се носи со своите емоции. Меѓутоа, вистина е дека еден емпат стално се бори да ги држи своите емоции под контрола. Тие толку јасно ги чуствуваат туѓите емоции, особено тагата, па понекогаш можат под нивно влијание да паднат во депресија.

на нив им е тешко да ги разликуваат своите емоции од емоциите на другите луѓеi, и да најдат други емпати со кои би можеле да ги поделат своите мисли.

Средбата со негативната енергија ги доведува до исцрпеност

Емпатите се приморани да имаат работа со огромна количина на информации заради својата осетливост на енергии. Со обзир на тоа, тие можат да се осеќаат депресивно и посебно уморно кога се обидуваат да разберат што се случува.
Посебно се осетливи на негативна енергија, и таа многу ги фрустрира. Кога се што можат да осетат е – негативно, тие бргу се заморуваат.

Нив ги искористуваат

Бидејќи емпатите се души кои веруваат, кои секогаш веруваат во добротата, нив често ги користат помалку свесните луѓе. Емпатите се по природа големодушни и добри. Со тоа можат да ги привлечат оние кои само земаат не давајќи ништо за возврат.

Кога емпатите ќе дознаат дека се измамени, тие можат да паднат во длабока депресија.

Тие се занемаруваат себеси

Бидејќи емпатите сакаат да им даваат на другите, повеќе отколку да добиваат, често ја занемаруваат својата благосостојбаe, вклучувајќи ги состојбата на умот и телото. Емпатите многу често се уморуваат од стресот и преживувањето, така да лесно можат да заборават да се грижат за себе.

Тешко им е да се вљубат

Бидејќи емпатите се осетливи на насилството во светот, многу им е тешко во потполност да му веруваат на некому. Тие не го откриваат своето срцеe, затоа што се плашат дека некој ќе ги повреди.

не можат да си дозволат себеси озбилно да се вљубат, затоа што мислат дека не можат да се носат со големи страсти.

Често им се чини дека носат тешко бреме

Емпатите се несебични луѓе, на кои секојдневно се товари голема количина на сензорски информации. Тие мислат дека мораат да им помогнат на луѓето, но тоа е голем терет, затоа што не можат да им помогнат на сите кои ги сретнуваат на својот пат. Сепак, без обзир колу и да им е тешко, тие сепак ќе се трудат да ги решаваат туѓите проблеми, како не би му дозволиле на човекот да падне.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here