дома Балкан Ердоган:Тие имаат долари, ние го имаме Алах

Ердоган:Тие имаат долари, ние го имаме Алах

479
0
АКЦИЈА

„Тие ги имаат своите долари, но ние го имаме својот народ, своите права, својот Алах“.
Со овие зборови претседателот Реџеп Таип Ердоган им порача на Турците да ги продадат своите долари и злато за да ја поддржат турската лира, чија вредност драматично падна откако американскиот претседател Доналд Трамп влезе во конфликт со својот НАТО-сојузник, удвојувајќи ги тарифите за извоз на метали.

Вредноста на турската лира вчера во еден момент падна за 18 проценти, што е најголемата еднодневна финансиска криза во земјата од 2001 година.Во април, еден долар можеше да се купи за четири турски лири, а вчера неговата вредност порасна на 7,081 лира.

Ердоган му порача на Трамп дека Турција ќе го издржи овој притисок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here