дома Балкан Почина Мира Драгојевиќ, личната секретарка на Слободан Милошевиќ. Жената која ги знаеше...

Почина Мира Драгојевиќ, личната секретарка на Слободан Милошевиќ. Жената која ги знаеше сите негови тајни

471
0
АКЦИЈА

По долго и тешко боледување пред неколку дена во Белград почина Мира Драгојевиќ, личната секретарка и десна рака на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ.

Драгојевиќ по нејзина лична желба била погребана во село во непосредна близина на Зрењанин. Од неа овие денови се простија многубројни членови на СПС, посебно оние кои му беа блиски на Милошевиќ, а меѓу нив и Милутин Мркоњиќ, почесен преседател на социјалистите.

“Ни по смртта на Слободана Милошевиќ, Мира Драгојевиќ не го менуваше својот животен пат. На ист начин, приврзано и посветено го негуваше споменот на Слободан Милошевиќ, секојдневно водејќи сметка за сите детали во спомен-собата на поранешниот претседател во седиштето на СПС во Белград”, напиша Мркоњиќ.

Јована Дмитријевиќ, исто така од СПС, која поднесе барање Слободан Милошевиќ да добие споменик, изјавила дека и било чест да соработува со жена каква што била Мира.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here