По неодамнешните изјави на еден од министрите во владата на Романија кој палењето на заболени свињи го спореди со Аушвиц, за која изјава потоа се извинуваше, синоќа осамна уште еден антисемитски испад во Романија.
Имено, романската полиција покрена синоќа истрага, по што антисемитски графити се појавија на куќата на добитникот на Нобеловата награда за мир Елиј Визел во градот Сигет на северозападот на Романија.
Пораките се испишани на Визеловата куќа,која е инаку под заштита на државата, а во една од нив се наведува дека Визел, амриканско-еврејски книжевник и политички активист,кој го преживеал Холокаустот е сега “во пеколот со Хитлер”.