дома Балкан Драматично писмо на Вучиќ до Србите на Косово и Метхија

Драматично писмо на Вучиќ до Србите на Косово и Метхија

514
0
АКЦИЈА

Почитувани граѓани на Косово и Метохија,

Драги Срби,

Утре, 4.август, истекува рокот кој Европската унија го даде на привремените институции на самоуправата во Приштина на основа на Бриселскиот договор да го завршат усвојувањето на Статутот на Заедниците на српските општини.

Ден пред истекот на најновиот рок за обврските на Приштина во формирање на Заедницата на српски општини и на 1930. ден откако Приштина со потпис ја превзема таа обврска, се обвистинуваат и се потврдуваат сите предупредувања и сомнежи кои ги кажував цело време. Приштина и овој пат со прст нема да мрдне за да ги формира Заедниците на српските општини.

Драги Срби, ве молам во врска со ова да не превземате ништо што поединци меѓу Албанците, или дел од меѓународната заедница, би го искористиле како изговор за превземање на било какви акции против вас.

И баш поради тоа, во овие денови во нашата јужна покраина, но и помал дел од меѓународната зедница, гласно се слуша зборот и јасно се гледа делувањето на оние, кои наместо да ги завршат превземените обврски кон Србија и Србите, овој период го користат српскиот народ на Косово и Метохија, преку секојдневни закани и организирано ширење на гласини, да внесат немир и страв, сакајќи паника, со цел предизвикување на недоверба во државните институции на Србија, правње на поделба помеѓу политичките преставници на Србите во Косово и општо слабеење на нашите позиции во чувствителна фаза на преговорите.

Драги сограѓани, токму поради овие причини, нам ни е мирот потребен денес повеќе од било кога. Предизвиците кои се пред нас бараат од нас да бидеме над раздорот, манипулациите и насочената кампања на дезинформации. Затоа вас ве мола и повикувам да не наседнувате на било какви провокации, на сите евентуални предизвици да реагирате мирно, цивилизирано и достоинствено, ние ќе бидеме предани на тоа со политички методи да ви обезбедиме сигурност и иднина на тие простори.

Србија денес е спремна да ја изврши својата обврска кон вас и да ги заштити вашите животи и мир, ако тоа биде неопходно. Додека сум на нејзино чело, Србија нема да дозволи организирано насилство над Србите и нивните светци., акко и нивен прогон. Нова ‘Олуја’ на Косово нема да има. Мир за Србија и српскиот народ е највисока вредност, која пред се настојуваме да ја заштитиме и низ тешки разговори кои ги водиме со политичките претставници на Албанците и меѓународната заедница.

Освен нас, кои сме искрено посветени на ова, зачувувањето на мирот во нашата јужна покраина е и примарна задача на мисијата на КФОР и НАТО, од кои посебно очекувам и бара да го заштита мирот така што ќе спречат евентуален обид, било чиј и под било каков изговор, да ја завземат и киднапираат хидроелектраната ‘Газиводе’, трафостаницата ‘Валач’ или кој бил други клучен објект од инфраструктурата од кој зависи вашиот опстанок.

Поради вашата иднина и иднината на цела Србија ќе продолжиме исклучиво на мирен начин да се залагаме за компромисно и сеопфатно решавање на односите на Косово, и нема да застанеме се додека нашиот народ не го обезбедиме во секој поглед, повеќе од она што го имаме денес.

На вам и вашите семејства ви посакувам се најдобро.

Александар Вучиќ, претседател на Република Србија. “

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here