дома Балкан Ромите во Србија синоќа се дигнаа на протест против фашизмот и лошата...

Ромите во Србија синоќа се дигнаа на протест против фашизмот и лошата состојба во која се наоѓаат со години. Немало претставници на Ромските здруженија од Македонија

448
0
АКЦИЈА

Во мислите на Ромите во Србија синоќа не беше само геноцидот направен пред точно 74 над нивните сонародници во Аушвиц. Европа им пратила „нови убиства, протерувања и мачења”, тврдат од ромските здруженија во Србија.

Ромите на протестот во Белград побараа смена на италијанскиот министер на полицијата матео Салвини, кој во почетоков на летото најави протерување на 200.000 Роми без пасош. Само пет дена покасно, уркаински тинејџери убија еден Ром и ранија четворица, во седум такви напади во Украина за само два месеци.

Живот без кров над глава, работа, но и лична карта, а камоли пасош – се главните проблеми на нивните соработници во Србија, велат од здружението „Ром”.

Во Хрватска Ромите се „само на хартија” вклучени во друштвениот живот, а во стварноста живеат „во бараки како пред 100 години”, вели за ББЦ на Српски син на бивш логораш од Јасеновац, Тоти Дедиќ.

„Незапослен од кога сум роден”
Кога ќе го повикаат, Обрад Муративиќ, 50-годишник од Богатиќ, работи како ѕидар, и собирач на малини. Никогаш повеќе од неколку месеци. На прашање каде конкретно работел:

„Незапослен сум од кога сум роден.”

Ни останататие членови на семејството немаат ни ден стаж, па Муративиќ вели дека за Ромите дефинитивно главен проблем е работата.

Елвира Шахити од Смедеревска Паланка, завршила средно образование пред три години и од тогаш бара работа.

„Се обидов секаде. Во месарници, кинеските продавници, по трафики. Штом видат дека сум Ромка, одма ја вртат главата.”

Колоната на демоснтранти се упати од немањината улица до Бирчановата, каде се наоѓа амбасадата на Италија
Против фашизмот но и против социјалата
На протестот пред амбасадата на Италија во белград, насобраните носеа Ромски и Српски знамиња, табли со натписи кои беа на два колосека – против фашизмот во Италија и Европа, но и за конкретни права во Србија – Не сакаме повторно фашизам во Европа”, „Италијо, се сеќаваш ли на Мусолини?”, ни и „Ромите сакаат работа, не социјала”.

Извикуваа пароли против Италијанскиот министер на полицијата Салвани, споредувајќи го со озлогласениот италијански фашистички лидер Мусолини.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here