дома Балкан Тачи: Ако постигнеме договор, “прешевската долина” ќе му пристапи на Косово

Тачи: Ако постигнеме договор, “прешевската долина” ќе му пристапи на Косово

494
0
АКЦИЈА

Косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека барањата на претставниците на албанците во Прешево и Бујановац за обединување со Косово сега се институционализирани, повторувајќи ја можноста за корекција на граничната линија со централна Србија.

Демаркација со Србија “ќе се деси тука и ќе има исправки”, рече Хашим Тачи во текот на посетата на Стопанската комора во Приштина.

Додаде дека ако биде постигнат обостран договор, никој не може да го спречи – дури ни ЕУ, ни НАТО, ни САД, пренесоа приштинските медиуми.

Иако рече дека не знае кога ќе биде следниот состанок на делегациите на Белград и Приштина во Брисел, најави дека при крајот на август и почетокот на септември очекува засилена динамика на Европската унија во тој поглед.

Пратеникот на Алијансата во косовскиот парламент Иљир Деда оцени на својот Фејсбук профил дека Тачи “манипулира со чуствата на Албанците од ‘прешевската долина'”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here