дома Балкан Така се негуваат добрососедски односи и релации помеѓу народите: Македонците во Србија...

Така се негуваат добрососедски односи и релации помеѓу народите: Македонците во Србија имаат неработен ден и го одбележаа Илинден

543
0
АКЦИЈА

И годинава претставници на бројните македонски здруженија, на Националниот совет и на амбасадата во Белград, со полагање венци и цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Јабука крај Панчево, го одбележаа Илинден.

На свечената културно-уметничка програма учествуваше детската театарска дружина „Видое Дојчиновски – Даскалот“ од Качарево, КУД „8 октомври“ од Крива Паланка и Радомир Андриќ, претседателот на Здружението на книжевниците во Србија.

Најголемиот македонски национален празник од вторник се чествува со пригодна програма во Вршац, во Ниш, денеска во Јабука-со манифестацијата Тавче гравче, како и во повеќето градови каде живее бројната македонска заедница.

„Македонско девојче“ и други македонски песни оддекнуваа и во центарот на Белград. Во организација на здружението „Македониум“ пред Куќата на Ѓуро Јакшиќ во Скадарлија, Илинден беше одбележан со концерт на пејачките групи на националниот ансамбл „Тоше Проески“, „Исток 10” од Вршац и пејачката група „Македониум” од Белград.

Според законските прописи кои ги регулираат празниците за малцинствата, 2 Август се признава како државен празник за македонското национално малцинство во Србија и е неработен ден за Македонците, со можност за негово одбележување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here