дома Балкан Палмер: Се надевам дека македонските граѓани ќе ја донесат вистинската одлука на...

Палмер: Се надевам дека македонските граѓани ќе ја донесат вистинската одлука на 30 септември

489
0
АКЦИЈА

Македонија веќе доби историска покана од страна на НАТО, а доби и јасен пат за пристапни преговори со ЕУ. Се надеваме дека македонските граѓани ќе ја искористат приликата на 30 септември да го дадат својот глас на референдумот за пристапување на земјата во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција, изјави вршителот на должност заменик помошник државен секретар на САД Метју Палмер, по средбата попладнево во Владата со премиерот Зоран Заев.
На новинарско прашање тој упати порака и до опозицијата.

– И порачувам на опозицијата да размисли стрaтешки околку прашањето за референедумот и се надевам дека тоа ќе го сторат, и да разебрат што точно претствува спогодбата со Грција и какви се придобовките од неа, рече Палмер.

Од Влaдата најавија по средбата соопштение за сите детали за кои е разговарано.

Инаку, Палмер денеска се сретна и со шефот на држвата Ѓорге Иванов, со претседсателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а вечерва треба да одржи средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Палмер ќе учествува и на прославата на Илинден утре во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here