Иницијативата на младите за човекови права во Хрватска ги повика претседателката Колинда Грабар Китаровиќ и премиерот Андреја Пленковиќ да упатат извинување до жртвите на злосторствата починети за време и по војно-полициската операција “Олуја”, со оценка дека односот на политичарите спрема жртвите на “Олуја” се влошува од година во година.
“Должноста за извинување на државниот врв првенствено им е важна на жртвите на злосторот, а потоа на општеството во целина”, порачуваат од Иницијативата на млади за човечки праваa.