дома Балкан Иванов: Не прифаќам договор што е штетен за македонските национални интереси

Иванов: Не прифаќам договор што е штетен за македонските национални интереси

486
0
АКЦИЈА

Претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со вршителот на должноста заменик-помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер во однос на постигнатиот договор меѓу владите на Република Македонија и Република Грција, истакнал дека не прифаќа договор со кој се крши Уставот, законите и се рушат државните институциите и претставува договор што е на штета на македонските национални интереси.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, било разговарано за актуелните политички состојби во Република Македонија и за натамошно зацврстување, збогатување и унапредување на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД.

Македонскиот претседател изразил очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија, за добрососедските односи и регионалната соработка.

Претседателот Иванов посочил дека Република Македонија уште во 2008-та година ги исполни условите за членство во НАТО и сиве овие години активно придонесувајќи во НАТО мисиите, заедно со земјите-членки, Република Македонија го заслужува членството без дополнителни услови.

На средбата, претседателот Иванов потенцирал дека одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион е од клучно значење за целиот европски континент.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here