Романскиот министер за земјоделство Петре Даеа изјави денеска дека немал намереда да ги навреди Евреите кога го спореди палењето на свињи оболени од свинска грозница со концентрациониот логор во Аушвиц.
Даеа се обиде да ја објасни изјавата која неодамна ја даде во телевизиско интервју кога рече дека палењето на заболени свињи е “многу тешка работа како Аушвиц”, пренесе АП.