Новак Ѓоковиќ не е само врвен докажан спортист, тој се докажа и во својата хуманост. Човекот кој ги плени светските навивачки срца со своите беспрекорни игри и витешки победи во белиот спорт отвори ресторан каде што ќе се дели бесплатна храна на оние на кои им е најпотребна.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ отвори ресторан во кој храната ќе се дели бесплатно на бездомници на кои им е потребна помош
“Парите не ми се потребни. Заработив доволно да можам да ја нахранам цела Србија. Затоа одлучив да им се заблагодарам на луѓето кои ми беа подршка и навиваа за мене. Од секогаш сум ја сакал храната, храната во моето семојство отсекогаш била страст”- ја пренесоа светските медиуми изјавата на Новак Ѓоковиќ