дома Грција Пожарите во Грција не се случајни! Можеби се подметнати од градежната мафија?

Пожарите во Грција не се случајни! Можеби се подметнати од градежната мафија?

504
0
АКЦИЈА

Врховниот суд на Грција нареди итна истрага за пожарите во Грција, во кои загинаа околу 60 луѓе, а голем број се водат за исчезнати. Според властите пожари паралелно избија во три региони, што не може да биде случајно. Постојат сомневања дека пожарите се подметнати од грчката градежна мафија.

Министерот за цивилна заштита Никос Тоскас рече дека тројца од четирите пожари биле локализирани во неделата на речиси истото место каде што пожарот избил во понеделникот, на падините на планината Пентала, а потоа се проширил на брегот.

-Овие пожари не може да се случајни – рече тој.

Подметнувањето пожар во Грција не е реткост, особено во текот на летните месеци. Во стравичен пожар во 2007 година загинаа 77 луѓе, а беше утврдено дека бил подметнат од градежна мафија, со цел да се пренамени земјиштето во државна сопственост.

Имено, по пожарот, заштитените зони се пренаменуваат во градежни парцели.

Огнената стихија деновиве се прошири во катастрофални размери поради силните ветришта и суши, како и високите температури кои надминуваат 30 степени.

Се уште тлеат пожарите во Кинети и Калитехнопулис на Атика. Според досегашните официјални податоци за два дена во предградијата на Атина загинаа 74 лица, а многумина се водат за исчезнати.

Превземено од IPORTAL

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here