дома Балкан На кому му сметаат Евреите во БиХ: Навредливи антисемитски графити во Сараево...

На кому му сметаат Евреите во БиХ: Навредливи антисемитски графити во Сараево и Тузла

517
0
АКЦИЈА

Увредливи антисемитски графити и натписи испишани се на улиците и стамбени згради во Сараево и Тузла во кои живеат членови на Еврејската заедница.

Во ходникот на една сараевска зграда е напишано е “Јуден” (на германски “Евреи”), а на вратата на Тузланска нацртана е “свастика”, односно “кукаст крст”. изостанокот на антисемитски испади во БиХ оваа заедница секогаш го истакнувала како позитивен пример на начинот на живот и негување на добрососедските односи кои Евреите од БиХ ги градат со своите сограѓани од други етнички и верски групи. Јакоб Финци, претседателот на еврејската заедница на БиХ, рече дека Евреите се “непријатно изненадени” со оваа појава.

Финци: Евреите во БиХ тоа не го заслужуваат

“Во најмала рака, не го очекувавме тоа. Едноставно, не мислиме дека овој инцидент е поврзан со било кое случување во БиХ, Европа или светот, туку дека тоа е инцидент кој некој поединец го направил не размислувајќи многу за тоа што прави и какво зло нанесува не само на својот град, туку и на целата држава БиХ”, рече Финци за Радио Слободна Европа. Финци смета дека “БиХ има доволно проблеми и без антисемитските графити и тоа стварно не ни требаше” да ли “Еврејската заедница во БиХ со своето живеење нешто такво заслужила”.

Денеска во Сараево живееат околу 1000 Евреи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here