Град Скопје неделава ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година со дваесетина културни настани на неколку локации.
Почетокот на манифестацијата денеска ќе биде одбележан со враќањето на буквите од пораката на Јосип Броз Тито на источната страна на некогашната железничка станица и сегашен Музеј на град Скопје.
Пораката која долго беше сведок на историската солидарност што Скопје ја доби од светот по разорниот земјотрес и беше препознатлив нераскинлив дел од Музејот и градското јадро, повторно ќе се врати на своето место.