дома Балкан Вучиќ: Имаме оперативни сознаниа за убиството на Оливер Ивановиќ

Вучиќ: Имаме оперативни сознаниа за убиството на Оливер Ивановиќ

507
0
АКЦИЈА

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска дека државните органи на Србија „прв пат имаат некои отворени оперативни сознанија“ за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ и наведе дека е сигурен дека ќе биде откриен оној кој го направил тоа дело.

„Ние по прв пат имаме одредени информации, можеби сме на мал траг на нешто големо, а не на игрички или играрии. По прв пат имаме некои оперативни сознаниа, иако не ни е овозможено да водиме истрага на било кој начин“, им рече Вучиќ на новинарите после обиколката на ургентниот центар.

Ова што го добивме по прв пат има некоја логика и смисла. Ова е прв пат нешто да не е нелогично, а да ли е точно тоа ќе го проверуваме, додаде тој.Вучиќ наведе дека до сега добиле 50 трагови кои немале никаква смисла и логика, но морале да го испитаат секој посебно.

на прашање на новинарите да ли има сознанија дека позади неодамнешното апсење на криминалци на Косово стои договор, затоа што некои медиуми пишуваа дека алнбански политичари им понудиле огромни пари и заштита на криминалците уапсени на Косово како би ја превземале одговорноста за убиството на Ивановиќ, Вучиќ одговори дека „не е сигурен и дека не верува дека тоа им била идејата“.

„Не мислам дека некој со тоа смее и може да се игра. не верувам дека некој може да биде толку несериозен“,рече Вучиќ. Тој рече дека за некои особи кои се уапсени Србија има распишано потерница за најтешки криминални дела.

„некои порано ги апсевме, а ова едно лице ние го бараме за друго убиство“, рече Вучиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here